Приватните превозници од денес во 12 часот до 17 часот нема да возат поради тоа што Град Скопје им должи пари од ноември месец.



Во прекин од пет часа секојдневно ќе бидат линиите: 9,11,12,19,20,22,23,45,52,54,55,61,63 i 73-ка, дознава „СкопјеИнфо“.

Долго време во јавноста се зборуваше дека јавниот превоз се соочува со проблеми и беше посочен проблемот токму со приватните превозници.

На ова од Град Скопје и од ЈСП ја убедуваа јавноста дека нема никакви проблеми и дека сите плаќања се одвиваат со редновна динамика.