На денешниот протест во организација на ССМ беше побарано зголемување на платите на работниците.
„Бараме 450 минимална плата уште во првите 100 дена на новата влада, како и враќање на трошоците за храна и превоз. Ако знаеме дека функционерите со 2.500 евра тешко преживуваат денеска, ние работниците тешко преживуваме со 25.000 и 35.000 денари.
Денеска работниците се излезени за да кажат дека не се задоволни со тоа што се случуваше изминатиот период. Прво треба да се задоволат работниците, а потоа самите себе“, кажа Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.