Факели, фекалии, камења и црвена боја врз Градското собрание на Нови Сад и солзавец од полицијата кон демонстрантите го обележаа протестот вечерва за 14. загинати по падот на натстрешницата на железничката станица во главниот град на српската автономна покраина Војводина.
„Во тек се морничави, насилни протести против државата Србија во Нови Сад. Србија ќе го одбрани своето знаме, своето име и презиме и ќе ги казни сите сторители на криминални дела. Не се сомневајте во тоа“, се огласи претседателот Александар Вучиќ на Инстаграм.
Дел од демонстрантите ги отстранија заштитните табли околу местото на несреќата кај железничката станица, други фрлаа боја врз седиштето на градската организација на владејачката Српска народна странка, а од Градската куќа ги извадија државните знамиња.
Под мотото „Виновни сте, ќе одговарате!“, протестот во Нови Сад почна со минута молк за жртвите и со читање на нивните имиња, а потоа беа побарани апсења и казни за одговорните за трагедијата, како и оставки од премиерот Милош Вучевиќ и од градоначалникот Милан Ѓуриќ. Министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ веќе го стори тоа.






