Просечната плата за март зголемена за 16% – Кои професии моментално се најплатени?!

Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските програмери. Просечната плата во март 2024 година изнесувала нешто повеќе од 1.500 евра или просечни 96.573 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.



Втори на списокот најплатени професии се вработените во „Останати стручни, научни и технички дејности”, кои во март земале в„ просек 73.701 денари нето плата. Трети најплатени за март биле вработените во “Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарат” со 65.408 денари за март 2024.

Просечната нето плата за месец март изнесува 40.496 денари. Додека просечната бруто плата достигна 60.803 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната нето-месечна плата исплатена во март, во однос на март 2023 година, е зголемен за 16%.

  • Ова зголемување доаѓа главно како резултат на зголемувањето на нето платата за вработените во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21,9%), Јавна администрација и одбрана; задолжително социјално осигурување (21,3%) и образование (20,5%). Зголемување на просечната нето-месечна плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство (7,8%), хотелски и прехранбени услужни објекти (7,3%) и преработувачка индустрија (6,2%)“, наведуваат од Државната статистика.