Просечната плата во Србија достигна рекордни 855 евра, се пофали Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање до јавноста се пофали дека во мај просечната плата во земјата првпат надминала 100 илјади динари или околу 855 евра.



„Ги добивме податоците за месец мај за просечната плата во Република Србија во многу наши градови. Ви се обраќам затоа што за прв пат кај нас просечната плата надмина 100.000 динари – 855 евра е просечната плата кај нас, а пред само 10 години беше 330. Никогаш не е доволно и знаеме дека не е толку добро како што се надевавме, но ова покажува дека Србија е на одличен пат. Во Белград просечната плата е 1.070 евра, во Нови Сад 982 евра, во Ниш е 813 евра и е блиску до просекот на Републиката. Она што е важно, во Бор се 1.025 евра“, рече Вучиќ во обраќањето на Инстаграм.

„Кога соништата ќе станат реалност… напред во иднината“, додаде претседателот на Србија.