Пронајдено е лицето кое вчера исчезна во Битола, објави Фејсбук страната Бабам Битола.
Стефан вчера беше пријавен дека исчезнат и му се изгубил трагот, а информација и апел за помош за негово пронаоѓање, беа споделени на социјалните мрежи.
Битолчани самоиницијативно од синоќа излегоа со автомобили да го бараат младиот Стефан.
Во текот на ноќта тој бил пронајден.






