Напнати 24 часа во градот на поезијата Струга каде за еден ден имало два пожари, пронајдено е загубено дете а граѓанин нападнал соселанец со рачна машина.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски на 07.12.2024 година во 21.20 часот, во ОВР Струга е донесено малолетно лице кое претходно, се изгубило.
Малолетникот, од страна на случаен минувач бил забележан на кејот „Борис Кидрич“ во Струга, по што бил однесен во полициска станица и по преземените мерки, истиот е предаден на неговите родители.
Од другите настани во овој град на 07.12.2024 околу 19 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е Т.И.(61) од струшкото село Драслајца кој претходно, со рачна работна машина го нападнал В.К.(62) од истото село. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.12.2024 во 16 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во стан на улицата „Владо Малески“ во Струга, настанал пожар. Повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа од ОВР Струга.
На 07.12.2024 во 05.30 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во угостителски објект сопственост на Р.Н.(47) од истото село, настанал пожар. Повредени лица нема. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а увид на местото извршија полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.





