Три безживотни тела, меѓу кои и на дете на возраст од околу 14 години, се пронајдени во мала куќа што служела како импровизиран верски објект во селото Црвени Брегови, Неготино. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место.
- „При првичниот преглед на телата не се утврдени траги на насилство. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и за испитување на исправноста на плинскиот уред кој бил користен за греење“, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Случајот е под истрага, а надлежните органи работат на утврдување на причините за оваа трагедија. Резултатите од обдукцијата и техничките проверки ќе бидат клучни за натамошниот тек на истрагата.





