Месец дена се чека да се формира новиот управен одбор на Фондот за здравствено осигирување за да може да финишира постапката за проширување на позитивната листа на лекови.
Министерот за здравство, Арбен Таравари и директорката на Универзитетскиот институт за Радиологија, Соња Николова ги промовираа реновираните простории на Радиологија која е дел од Клиниката за хирургија. Таравари истакна дека до Нова година ќе има и други инвестиции во болницата.

- „Станува збор за инвестиција од околу 6 милиони денари, овој центар сега доби достоинствен лик и верувам дека во следниов период на Клиничкиот центар ќе имаме вакви инвестиции кои ќе ги промовираме до Нова година, но и во другите болници“, вели Арбен Таравари.
Идејата за реновирање на просториите на Радиологија, директорката Николова вели дека е за доброто на пациентите и здравствените работници со цел да се подобри услугата и условите бидејќи дежураат по 18 или 24 часа. Таа истакна дека имаат недостиг од кадар.
Николова не кажа точно колку е времето на чекање резултати сега, но рече дека времето е преполовено од претходно и дека се грижат пациентите да не добиваат погрешни резултати, туку квалитетни.





