Судскиот процес за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска со сведочењето на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.
На првото рочиште, четворицата обвинети—Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов—се изјаснија за невини, а мајката на Вања побара исклучување на јавноста за да се заштити приватноста на семејството, но судот не го прифати нејзиниот предлог.
Второто рочиште што требаше да се одржи на 7 октомври, беше одложено бидејќи Боре Видевски, еден од обвинетите имал здравствени проблеми со бубрезите и неколку дена беше лекуван на Клиниката за нефрологија.





