Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

 

Продолжува судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје.



Првообвинет е Љупчо Палевски–Палчо, кој заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов е обвинет за грозоморните злосторства, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Денеска се очекува да сведочи Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, според досегашните искази на другите сведоци, прибирал и гледале видео снимки од околните објекти.
Тој беше недостапен на органите на прогон за друго кривично дело и не можеше да биде сослушан на претходните рочишта, минатата недела сам се пријавил во полициска станица.

Трајковски, кој е предложен како сведок во овој случај, а осомничен за друго тешко кривично дело – подметнување пожар, на 23 јануари 2025 сам се пријавил во полициска станица и се очекува денеска да биде сослушан.