Пријавила дека девојка била нападната од кучиња скитници, од „Лајка“ ѝ рекле да прати мејл

Жителка на Карпош 4, во понеделникот објави дека млада девојка била нападната од глутница кучиња додека си го шетала своето милениче.



Ракометар на Вардар завршил во болница по напад од кучиеа скитници

„Девојката се обидуваше да се одбрани, но беа премногу кучиња околу неа, успеаа да ја соборат на земја, за среќа на помош ѝ притрча маж кој успеа да ѝ помогне…

Се јавив во Лајка, ми рекоа прати маил, тоа и ќе го направам, но не ми дадоа голема надеж дека нешто ќе се промени, направи….“, пишува во објавата, пренесе порталот Скопје.мк.

Сепак, некои од граѓаните одговорност не лоцираат во ЈП Лајка задолжена за третирање на бездомните кучиња, туку во неодговорните сопственици.

„Кога ќе престанат сопствениците да си ги испуштаат кучињата кога ќе им здосадат, кога ќе има казни за неодговорно сопствеништво и тоа по 500 евра најмалку за нечипирано куче, кога ќе се воведе задолжителна стерилизација на сите миленици барем додека не се реши проблемот, ни Лајка ни Анима никој не може да помогне. 20 се ловат, истиот ден 15 нови се пуштаат. Да не зборувам за цели исфрлени легла“, пишува друга жителка…