Прифатен еден приговор за избирачко место Желино.Одбиен еден приговор од „ВРЕДИ”

ДИК од поднесените приговори од коалицијата „Вреди” еден прифати, а еден отфрли.
Прифатениот приговор се однесувa за гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. Приговорот, е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.
Вториот приговор поднесен од „Влен“ кој беше одбиен, се однесуваше на избирачкото место 1953 во Тетово – шестата изборна единица. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 125 граѓани кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.



Даштевски истакна дека по направените проверки не биле утврдени никакви неправилности и предложи приговорот да се одбие како неоснован. Приговорот беше одбиен едногласно.
За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.