Примитивен национализам од Зогај: Македонците се примитивни националисти, најбезначајни во регионот, но го забрануваат албанскиот јазик!

„Иако знаат Македонците дека се најкревката, најмала и најбезначајна заедница во регионот, се обидуваат да ја играат улогата на силниот и да го забрануваат албанскиот јазик! Но, помина времето кога диктатурите им забрануваа на луѓето да го зборуваат својот јазик. Македонците не се ништо друго, освен националистичко малцинство, направено од примитивно националистичко ‘тесто’, кое се однесува банално, бидејќи на таков начин се обидуваше да ги искористи историските кризи и да профитира врз грбот на соседните народи кога тие се наоѓаа под србословенската окупација. Ова се случуваше во минатото, но така продолжува да се постапува и денес.“со ваквите жестоки етнички навреди и омаловажувања кон македонскиот народ, поврзано со расправата во уставниот суд на РМ за законот за јазици, се огласи Скендер Зогај, поранешен косовски политичар од редовите на партијата Демократски сојуз на Косово, и сега „национален деец за албанската кауза“, политички аналитичар и публицист во изјавата, дадена за статијата, која ја објави косовскиот весник „Бота сот“. Од причина само да се укаже дека продолжува недозволивото „полнење“ на медиумскиот простор во Балканот со етнички омаловажувања и навредувања кон Македонците како народ, Редакцијата на „Експрес“ се решава да ги пренесе овие неприфатливи и недозволиви шовинистички провокации од страна на Зогај, кој ги нарекува Македонците „примитивни националисти“, а самиот истапува од позиција на примитивен национализам кон цел еден народ, македонскиот!



Во истата статија со наслов „Забранувањето на албанскиот јазик не е само навреда за Албанците во Македонија, туку и навреда на достоинството…“ се објавени и ставовите на политичкиот аналитичар од Тетово Сулејман Мехази. Во одговор на прашањето „што ќе прават Албанците, ако Уставниот суд го отфрли законот за албанскиот јазик?“ Мехази  истакнува дека „Уставниот суд на Р*М не смее да го отфрли законот за јазиците, произлезен од Охридскиот договор“.

Во статијата пишува: „Сулејман Мехази нагласува дека барањето на тројцата ректори на универзитети и 250-те албански интелектуалци, упатено до Уставниот суд, е темпирано и под наредба на опозициската партија ДУИ.“

„Тројцата универзитетски ректори и 250-те албански интелектуалци се задоволни од слабото официјализирање на албанскиот јазик во овој момент во рамки на уставната рамка ‘20 проценти’. Но, наместо да бидат незадоволни од ваквиот инфериорен статус на албанскиот јазик во * Македонија тие го молат Уставниот суд третирањето на нашиот албански јазик јазик да биде и натаму како што било за време на 22-годишното владеење на ДУИ. Тројцата ректори и 250-те албански интелектуалци се под влијание на ДУИ. Политички, умствено и научно ректорите и мнозинството албански интелектуалци се производ на 22-годишното владеење на ДУИ.“ – изјави Мехази.