Утринава претседателката Гордана Сиљановска Давкова продолжувајќи ја прекрасната традиција ја пречека Бадниковата поворка.

,,Ечеше дворот од детските ангелски гласови, а „Вечниот бог“ звучеше божествено.

Следеше заслуженото дарување со пакетчиња. Оживеа традицијата, зајакна верата, се зголеми надежта за поубава иднина.

Ние, возрасните за миг бевме зафатени од предбожиќната еуфорија. Го овековечивме моментот со слики.

Си посакавме среќен Божиќ и повторна пладневна средба на плоштадот „Македонија“’, пишува во постот објавен на профилот на претседателката на Македонија.







