Претседателката Силјановска посети институција во која последен пат бил Глигоров во 1993 година

Со посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид претседателката Гордана Силјановска-Давкова прекрши негативна традиција стара 31 година.



Претседателката во неделата посети институција која од страна на највисоки државни функционери последен пат ја посетил првиот претседател Киро Глигоров во далечната 1993 година.

Предходно оваа единствена ваква институција на светот во 1968 година ја посетил Јосип Броз Тито како претседател на СФРЈ.

,,Мора да се избориме Охридското Езеро и екосистемот околу него да бидат заштитени и зачувани онака како што ни ги дала природата.

Институцијата која догодина ќе одбележи 90 години од формирањето, а која се грижи за одржување на балансот меѓу човекот и природата е потсетник за важноста за перманентна заштита на екосистемот на Охридското, Преспанското, Дојранското Езеро, но и на сите македонски, регионални и глобални еко системи.

Наша обврска е да создадеме услови науката преку Хидробиолошкиот завод Охрид и другите институции да го спречат нарушувањето на животната средина околу едно од најстарите езера на светот и сите други природни убавини и заштитени подрачја”, стои во објавата на Фејсбук страната на претседателката Гордана Сиљановска Давкова по посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид.