„Како посебен народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори, само во нашата заедничка македонска татковина, Власите се уставно признати и општествено ценети.
Тоа се должи на македонската традиција на соживот и на почитување на достоинството на различноста, но и на влогот на Власите во борбата за слободна македонска држава.
Влашкиот јазик е дел не само од македонското, туку и од европското културно богатство.
Затоа, потребна е одлучна акција за зачувување и за промовирање на влашкиот јазик, идентитет и култура, особено во образовниот систем и неговото користење во приватниот и јавниот живот, во духот на европските вредности“, стои во честитката на Силјановска Давкова.





