Претрес во градежна фирма која е осомничена за лажирање тендери

Денеска бил извршен претрес на локација на позната градежна компанија во скопско Батинци, пишува ТВ Алфа.
Фокусот на овие полициски мерки била да се обезбеди документација од лажирани јавни тендери и лажни ИСО сертификати, брифираат извори за Алфа.



ИСО сертификатите претставуваат критериум за квалитет и безбедност во производството и услугите кои ги користат фирмите и граѓаните. Лажните ИСО сертификати не само што ја злоупотребуваат довербата на потрошувачите, туку исто така ги доведува во безбедносен ризик и опасност. Градежната фирма се сомничи за против правна имотна корист од неколку милиони евра.

Со ова веќе се праќа порака дека фокусот во борбата против криминалот ќе биде проширен на повеќе фронтови.

Извор: https://alfa.mk/alfa-doznava-pretres-vo-poznata-gradezhna-kompanija-somnezhi-za-lazhirani-tenderi-i-lazhni-sertifikati/