Престрелка на булеварот „Тодор Александров“, има и жртви

Во вооружена престрелка на булеварот Тодор Александров попладнево се случил вооружен инцидент. Неофицијални информации велат дека има и две жртви, но нема потврда од официјални извори.



Според засега неофицијалните информации од очевидци кои минувале во близина на местото на настанот, до инцидентот дошло кога почнала вооружена престрелка на две групи кои што користеле огнено оружје. Најверојатно се работи за обид за грабеж на две лица во кои што пукал сопственикот на менувачница.

Улицата „Тодор Александров“ се наоѓа во скопската општина Кисела Вода.

Пред неколку дена во престрелка во Чаир беше убиен активист на СДСМ.