Престанете со политизација на случајот со Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, бара новинарот Златев

Уредникот на Радио Лидер со порака во која бара да се престане со политизација на случајот со Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова.



,,Вистината е едноставна, за неговите злодела одговорни се ОЈО Скопје, Основен суд Скопје 1 и апелација. Нормално, луѓето од таму имаат име и презиме а Лидер кој го објави името на Васил ги објави и имињата на луѓето од таму.
Одговорни се и оние кои таму фаќале врски и му дале автомобил со кој две години дивеел без да има возачка. Работиме 24/7 за да ве информираме и од нас ги прочитавте сите релевантни информации, па сега некој ве убедува дека знаел повеќе. Ако знаел некој повеќе зошто не објавил кој ја усмрти Фросина? Зошто не објавил која е судијката која го пратила во поправен дом? Зошто не го објавил неговото досие? Ние се ова го објавивме и сега некој урира по нашата работа за партиски профит!
Престанете со ширење на глупави теории на заговор за Драган Ковачки и Радмила Шекеринска.
Ми се гади, како објективното новинарско истражување го деградирате со вашите простачки рекла – казала приказни.
Без нашата работа немаше да знаете ништо и сега ни ја деградирате со лажни вести и обид партиски да профитирате врз нечија смрт.
Сакаме смртта на Фросина да биде иницијална каписла за реформи во правосудството и во сообраќајот. Со вашата неодговорност создавате фронт на лудилото.
Случајот е јасен како ден и јасно е каде е одговорноста.
Секој обид да ја однесете водата на друга воденица е во служба на тоа да се спасат главните виновници кои ги напишав погоре”, пишува Златев.