“Ако се вратам да го глумам Џејмс Бонд, тоа ќе биде само поради пари”, рече британскиот актер пред две години. Тоа според добро упатени извори е и големата причина што 49. годишниот Крег се враќа. Наводно, последниот таен агент од серијата извонредни филмски хитови, добил понуда за надомест за главната ролја која едноставно не се одбива.
Тие преговараа со месеци, но висината на хонорарот не е позната, па за сега останува тајна како продуцентите го натерале Даниел да се “врати во акција”. Крег, наводно, се прекршил кога разбрал дека со нов хит се враќа и Адел, која одново ќе ја исполни насловната песна како што тоа беше случај за филмот “Skyfall” која, на познатата, ако не и најпозната франшиза во светската кинематографија за прв пат во историјата и обезбеди Оскар.

“Крег и Адел се победнички тим. Избор кој дефинитивно носи пари. И затоа, ние не штедевме на нивните хонорари. Впрочен сите треба да бидат задоволни”, вели извор од филмската компанија која ги има правата за Џејмс Бонд.
Сопругата на Даниел Крег, Рејчел Вајс вели дека не и пречи што актерот повторно ќе го игра агентот 007 иако тоа значи дека тој ќе отсуствува од дома околу една година.






