Премиерот пред обвинение за сексуално вознемирување – Талат не смеел да допира службеничка на МВР

Техничкиот премиер Талат Џафери се наоѓа во опасност да биде обвинет за сексуално вознемирување откако вчера во видеото објавено од медиуми се гледа како тој со раце допира службеничка на МВР.



Талат Џафери не смеел да ја допира службеничката на СВР Тетово каде што техничкиот премиер направи упад и проверка на работата на МВР.

Искусни активисти на полето на женските права и сексуалното вознемирување кои инсистираат на анонимност тврдат дека било какво допирање на луѓе од страна функционери е облик на сексуално насилство.

,,Секој допир или било каков физички контакт без согласност од жена или маж” во ЕУ се смета за сексуално вознемирување, укажува една од активистите на ова поле кој смета дека најмалку што може да направи Џафери е веднаш јавно да се извини за инцидентот.

Според нив за допирањето на Џафери мора да реагираат Државната комисија против дискриминација и Комисијата за еднаквост во Собранието.

Дефиницијата за сексуално вознемирување јасно укажува кои се ситуациите кои се сметаат за сексуално вознемирување.

Линк до дефиницијата

Што е сексуално вознемирување?

Линк до видеото со Џафери