Премиерот Мицкоски ја почна клучната операција за разбивање на правосудната мафија

Премиерот Христијан Мицкоски ја започна клучната операција за разбивање на правосудната мафија.



Мицкоски денеска најави дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ во парламентот ќе предложат смена на членовите на судскиот совет.

,,На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот.

Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!”, објави премиерот Мицкоски.

Судскиот совет е клучното тело кое што ги диригира процесите во судството а во исто време преку неговите членови се влијае на многу судски процеси и состојби во правосудството.

Оваа правосудна институција се соочува со низа скандали кои целосно го уништија нејзиниот имиџ во јавноста.