Попладнево се одиграа четири средби од 9. коло во нашата Прва лига. Еве ги резултатите: Скопје-Работнички 0-0 , Пелистер-Шкендија 1-3, Ренова-Победа 0-0 и Силекс-Академија Пандев 1-0. Вардар поради настапот во Норвешка својот натпревар со Шкупи ќе го игра утре од 15.30.



Шкендија води со 25 бода и сега веќе осетна предност во однос на Академија Пандев со 14 и Вардар со 13 иако овие два тима имаат помалку одиграни натпревари. Скопјани конкретно имаат за доигрување три средби.

Еве ги головите на Битола каде Шкендија дојде до 8 победа во девет натпревари што е најдобриот старт на тетовци во нивната историја.