Директорот на турската национална авио компанија Илкер Ајчи за време на минатонеделното „Париско летачко шоу“ изјавил дека се разгледува можноста за инвестирање во странски авио-оператори со цел да се намали влијанието на трговскиот протекционизам на глобален план. Меѓу земјите каде што се планираат ваков вид инвестиции се Индија, Кина и САД.
„Имаме органски раст но политичарите се повеќе се залагаат за протекционизам. Заота ја истражуваме можноста за инвестиции во други авио-оператори. Ова е долгорочна стратегија и премногу рано е да се каже дали ќе стане реалност“, изјавил Ајчи, пренесува авио магазинот Пулс.
Меѓу другите региони каде што турската компанија е официјално и неофицијално поврзана со мешовит компании е Балканот. Минатат месец Ајчи со властите во Тирана разговарал за инвестиции во новиот албански авиопревозник а предходно со македонската влада е разговарано за можноста за започнување на интерконтинентални летови од Скопје.





