Предлог на Курти преку Ќоку до АА на Таравари да настапи заедно со Вреди на локалните, а потоа коалицијата да прерасне во една партија?

„Пратеникот од коалицијата Вреди Беким Ќоку, кој е и политички советник на косовскиот премиер Албин Курти, го откри предлогот, што му го изнел на претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари пред партиското собрание да излезат заедно како коалиција Вреди на локалните избори.Ќоку вели дека неговиот предлог е прифатен од другите тројца лидери на Вреди.“ – ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Весникот натаму пишува „По средбите, што ги имав денеска со лидерите на Вреди, дадов предлог во обид да помогнам да се изнајде решение, со кое Вреди ќе одат заедно на локалните избори и кое ќе го зачува единството во коалицијата, секогаш како неутрална страна, без стремеж за некаков удел во резултатот, што ќе се оствари на локалните избори. Со тој предлог се согласија лидерите на Беса Билал Касами, на Демократското движење Изет Меџити и на Алтернатива Зеќирија Ибрахими.“ – изјави Беким Ќоку.

Ќоку натаму нагласи: „Сакајќи да и се помогне на Алијансата за Албанците да донесе одлука за заедничко излегување на локалните избори, предлогот е трите споменати партии да имаат три сигурни општини за кандидатура и четврта општина по можност, а Алијансата за Албанците да има четири сигурни општини за кандидирање и петта можна општина. Исто така, со предлогот АА на Таравари да биде привилегирана со две градски општини, во кои реални ќе победи. Во проценти АА на Таравари ќе има добиена квота од 35 проценти од општините.“

Ќоку предложи „Алијансата за Албанците да има кандидати во овие општини: Гостивар, Струга, Врапчиште, Липково / Арачиново / Студеничани – да избере една од нив, како и Брвеница/Чашка – да избере една од нив“.

Потоа тој посочи: „Лидерите на трите партии се согласуваат со предлогот таму каде што една партија има кандидат за претседател, таму таа да има 40 проценти од листата, додека другиот дел на локалната властда се распредели на таков начин што и другите партии ќе бидат вклучени (претседавач на Совет на општината, секретар на општинта, директор на претпријатие и др.).“

„За општините, кои ќе им бидат распределени на другите партии од Вреди, тие изразија подготвеност задолжително да се договорат, но очекуваат овој предлог прво да биде прифатен како нивна добра волја за добронамерен договор. Ако биде прифатен овој предлог, партиите од Вреди се согласуваат од следната недела да започне формирањето на заедничкиот штаб на коалицијата, што освен што ќе служи за локални избори, ќе биде и добра можност за кохезија на коалицијата, што потоа ќе резултира со спојување во заедничка партија Вреди, а тоа е и желба и барање на базата на секоја партија и на граѓаните. Ова обединување еднаш засекогаш би ја консолидирало албанската политичка сцена во С.Македонија на два блока: еден на Вреди и друг на ДУИ.“ – се нагласува во предлогот, кој Беким Ќоку му го изнел на Арбен Таравари.

„Посакувам овој предлог да ѝ помогне на Алијансата за Албанците и воопшто на Вреди да го надмине овој ќорсокак и да овозможи национална и политичка победа.“ – наведува Ќоку во својот предлог до Таравари.