Први резултати: Харис – Трамп 3 : 3

Гласачите во американското село Диксвил Ноч го отворија изборниот ден во раните утрински часови во вторникот со нерешен резулатат меѓу кандидатите за претседател.



Ова е уште еден доказ за неверојатно тесната трката за Белата куќа.

Камала Харис и Доналд Трамп добија по три гласачки ливчиња во мала заедница во североисточниот дел на Њу Хемпшир, која со децении го започнува денот на изборите во првата минута во вторник – неколку часа пред отворањето на гласачките места во остатокот од земјата.

Изборните закони во Њу Хемпшир им дозволуваат на општините со помалку од 100 жители да ги отворат гласачките места на полноќ и да ги затворат кога сите регистрирани гласачи ќе ја завршат својата граѓанска должност.

Повеќето избирачки места на источниот брег ќе бидат отворени денеска во 6 или 7 часот по локално време во вторник.