Најдобрите македонски кошаркари вчера се вратија во Скопје и денеска ќе имаат нова, трета, или можеби само прва контрола, по сите случувања и инциденти во Словачка, за претквалификациите за Светското првенство. Во Скопје на пријателска доаѓа Бугарија во меч што се игра во салата Борис Трајковси. Натпреварот е од 20.30 часот, а влезот е слободен.
Убава можност за прв пат да го видиме составот со кој од 2 до 19 август ќе им се спротивставиме на Косово и Естонија во обид да стасаме до мунијалските квалификации. Тој е серизно променет во однос на последните неколку години, дел принудно, и добро е да се увериме во силата и капацитетот на оваа, хетерогена по возраст, генерација на црвено жолтите.





