„Замислете варијанти како ‘Горна Македонија’ или ‘Северна Македонија’. Тоа е договар во корист на Грција, но на сметка на Бугарија“, изјави во емисија на БТВ поранешниот претседател на Бугарија (2002 2012 година) Георги Парванов.
Според него, фактот дека се деблокира дијалогот меѓу Грција и Македонија во врска со спорот за името, е позитивен, но преговорите за името на Македонија не треба да бидат на сметка на Бугарија.
„Ме загрижува дека почнуваат да се водат разговори во насока кон неколку варијанти, од кои некои ја загрозуваат бугарската позиција“, призна тој.
„Мислам дека не им е сеедно на Софија и на нашата дипломатија како ќе завршат овие преговори. Во еден момент мора да постои некоја конзистентност и со нас“, смета тој.
„Името Северна или Горна Македонија го вклучува и Пиринскиот крај, односно Егејскиот крај не е засегнат и не го коментираме, но во исто време претензиите кон Бугарија висат, остануваат во просторот. Барем тоа мора да се дискутира меѓу владите на двете земји“, додаде тој.
Прванов рече дека ја поддржува идејата на премиерот (Борисов) за запирање на балканските расправи.
„Иако не може секое преговарање да биде за сметка на Бугарија, односно ние треба да опстојуваме на нашите интереси“, категоричен е Прванов.





