Педесет и девет пратеници вчера, за прв пат по подолга пауза се приклучија на иницијативата за дарување крв.



Целта на оваа иницијатива беше да се сензибилизира мислењето, бидејќи побарувачката за крвни единици во 2024 година е зголемена за 10%, за разлика од претходната година.

Во 2023 година собрани се вкупно 56.000 единици крв.

Но, само во овие први седум месеци од годинава се поднесени 3.000 барања повеќе од претходната година, што е околу 6.000 единици крв, покажуваат податоците на Институтот за трансфузија.

Претседателот на Собранието Африм Гаши ден ги повика пратениците во Собранието и останатите вработени да даруваат крв за луѓето на кои им е потребна.

Пациентите со миелоидна леукемија се најзагрозената категорија на пациенти на кои постојано им е потребна крв.