Пратениците ќе заседаваат денес во Собранието на Македонија, по две седмици откако се случи кочанската трагедија

Собранието на Република Македонија денес треба да одржи 42-ра, пленарна седница. Претходно пратениците ќе треба, во рамки на заостанатата 38-та седница, да гласаат за Предлог-законот за надополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, спред скратена постапка. За пратениците ова ќе биде првото собраниско заседавање по двонеделниот прекин, откако се случи кочанската трагедија.

Четириесет и втората седница е новозакажана и на неа како предлог точки се: „Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка“, „Предлог законот за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка“, „Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка“, „Предлог законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата,по скратена постапка“, како и „Предлог законот за изменување на Законот за учебници во основно и средно образование, исто така по скратена постапка.

Покрај други закоснки акти, на седницата по брза постапка се предлагаат и: „Предлог законот за изменување на Законот за основното образование“, „Предлог законот за дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, „Предлог законот за изменување на Законот за безбедност и здравје при работа“, „Предлог законот за изменување на Законот за работните односи“, „Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка“, и „ „Предлог законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк“,.

Денес во Парламентот ќе се одржат седници и на три комисии.