Пратениците во Собранието денеска треба да расправаат по предлог законските измени на Изборниот законик,кои, меѓу другото, ќе овозможат избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија што важност истекла во периодот од 9 (девет) месеци до денот на одржување на изборите.



Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, вчера изјави дека партијата го поддржува предлогот граѓаните кои имаат лични документи со старото име нa државата да можат да гласаат.

Рече дека не го знае нивниот точен број, но дека се работи за бројка од околу 100 илјади граѓани на кои мора да им биде обезбедено право да гласаат на изборите.Ќе поддржиме и веќе се разговара. Работните групи кои работат на Изборниот закон уште од крајот на минатата година работат на решение да има одредба со кој ќе се дозволи на секој граѓанин да го оствари своето гласачко правo“, рече Ковачевски.