Даи Ричард од Маунтин Еш, Велс, во саботата бил удрен во главата и пренесен во болница, каде што починал подоцна истата вечер.



Во врска со смртта е уапсен 26-годишен маж. Полицијата соопшти дека дошло до судир на авенијата Народи Треда меѓу две групи туристи кои прво мирно разговарале, пишува Би-би-си.

Фудбалскиот клуб АФЦ Аберсинон од Велс соопшти дека светот изгубил добар човек, татко, син и брат. „Ова е загуба за сите нас“, велат тие.

Британскиот Форин Офис ја потврди смрта.