По Хрватска и Босна, Црна Гора е следна држава која повикува на бојкот на маркетите

Заради неоправданото зголемување на цените од страна на трговците, Хрватска „повлече нога“ во бојкотот на продавниците и супермаркетите. Нивниот пример го следат уште две балкански земји, најпрво Босна и Херцеговина, а по неа и Црна Гора. Бојкотот во БиХ е закажан за на 31 јануари (петок), на истиот датум кога во Хрватска ќе се организира нов, откако првиот помина успешно.



Премиерот Милојко Спајиќ ја поддржа идејата црногорските граѓани да ги бојкотираат супермаркетите и другите намирници поради високите цени.

Тој сподели анкета на платформата Икс од корисник  кој постави прашање дали и Црна Гора треба истото да го направи по примерот на Хрватска.

  • По само еден ден бојкот, хрватските супермаркети ја слушнаа пораката и значително ги намалија цените. Сметате ли дека и ние во Црна Гора треба да се организираме и, да речеме следниот петок да ги бојкотираме сите супермаркети?“, праша корисникот.

Црногорската невладина организација Институт алтернатива исто така повика на бојкот на сите супермаркети и продавници, за во петок. Во него се додава дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири ги договараат цените.

Повикот за бојкот на продавниците доаѓа откако слична акција во Хрватска во петокот беше успешна, кога сообраќајот во хрватските супермаркети беше половина од вообичаеното.