„Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца денес престојуваше во официјална посета на Тетово и оствари средба со градоначалникот на општината Билал Касами. Средбата меѓу двајцата претставници на албанските институции се одржа во братска и пријателска атмосфера. Беа нагласени силните врски меѓу Албанците од сите краишта и посветеноста кон институционалната и националната соработка.“ Ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Агенцијата пишува: „Оваа посета уште еднаш ја покажува силата на нашата братска и национална врска‘ – изјави претседателот Касами по средбата, заблагодарувајќи му се на Коњуфца за оваа значајна посета.“
„Посетата на претседателот на Парламентот на Косово доаѓа во пресрет на засилувањето на меѓуинституционалните контакти меѓу албанските лидери од С.Македонија и Косово, заради продлабочување на политичката, културната и економската соработка на регионално ниво.






