По скандалот во Фондот за иновации, кому „ќе се обели образот“?!

Откако беше објавено дека 60 компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра во Фондот за иновации, прв со реакција се огласи д-р Ненад Лазаров, кој за време на ковидот напраил проект за познатите визири меѓутоа бил одбиен. Неговото сведоштво може да го прочитате тука.



По него се огласи и Борче Стаменов, од познатата акција „Донирај компјутер“, кој исто така објави дека за неговиот проект бил одбиен од ФИТР.

Читам за дешавките со фитр и злоупотребите на финансиските средства од некои компании и така малку поќе ми е драго шо нашиот проект беше одбиен под образложение дека ние сме економски неисплатлива иницијатива. А ќе им го обелевме образот со резултатите кои ги постигнуваме ама ит из ват ит из“, напиша тој на социјалните мрежи.