По разделбата со Таравари Фетаи и Алиу на средба со евроамбасадорот Рокас, во фокусот на дискусиите „стратегиското партнерство на земјата со ЕУ“

„Вицепремиерот задолжен за политики за добро управување Арбен Фетаи заедно со неговиот сопартиец Азир Алиу одржаа срдечна и содржајна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас. Фокусот на дискусиите беше стратегиското партнерство на земјата со Европската Унија, напредокот во спроведувањето на реформската агенда, како и претставувањето на економскиот развој и одржливиот напредок.“ – објави ТВ Шења.

Телевизијата истакнува: „Нашето партнерство со ЕУ е непоколебливо. Европската Унија е наш дом. Европската интеграција останува единствена стратегиска алтернатива за нашата земја.“ – нагласи вицепремиерот Фетаи по средбата.

„Владините претставници ја потврдија посветеноста на македонската страна за напредок на патот кон членство во ЕУ преку зајакнување на институциите, владеењето на правото и почитувањето на европските стандарди. Амбасадорот Рокас ја пофали посветеноста на владата и ја нагласи важноста на тесната соработка во рамките на интеграциските процеси.“ – објави ТВ Шења.