Денес почна исплатата на зголемена мартовска плата за 12% на вработените во културата, објави претседателот на Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК) Јаким Неделков на својот профил на социјалните мрежи.
„Само СОНК може со најава на протест да ги оствари своите барања веднаш“ напиша тој.
Повеќе од 3.000 вработени во културата пред два дена протестираа бидејќи не ја добиле мартовската плата и добиле информација дека кога ќе ја добијат нема да им биде пресметано законското зголемување од 12%, според колективниот договор.
Тие најавија протести во текот на оваа недела, но веројатно Министерството за култура и Министерството за финансии се договориле зголемувањето да биде пресметано во нивната плата.