По Перт, и Мелбурн во боите на македонското знаме во знак на почит за жртвите од Кочани

По Градскиот совет на Перт, од 19 часот по локално време и „Федерејшн сквер“ во Мелбурн осамна во боите на македонското знаме во знак на почит на настраданите од трагедијата во Кочани.



Околу 40 илјади жители на Мелбурн и околината имаат македонско потекло и ја сочинуваат најголемата македонска заедница во Австралија.