По напад на украински дронови гори едно од најголемите складишта за ракети во Русија

Голем напад на украински беспилотни летала во рускиот регион Твер предизвика огромна експлозија и принуди делумно евакуација на населението во близина на местото на големо руско складиште за оружје, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на воени блогери и медиуми, и додава дека нема информации за жртви.



Во објавата на Киев на социјалната мрежа Х се наведува дека рано утринава сè уште одекнуваат детонации и дека пожарот зафатил површина од пет квадратни километри.

Се вели дека ова е, веројатно, најголемиот украински удар на руска територија од почетокот на војната.

Украинските медиуми покажаа сателитски податоци на НАСА FIRMS, кои го потврдуваат тоа.

Се наведува дека беспилотните летала паднале на еден од најголемите складишта на ракети и муниција во Русија.

Во тој реон почна евакуација на населението од неколку населени места.