Познатиот британски актер Роберт Харди, кој играше во мега популарниот серијал на филмови за волшебникот Хари Потер, почина на 92 годишна возраст.

Оваа информација е потврдена од страна на членовите на неговото семејство кои истакнаа дека тој имал извонредна кариера во театарот, на телевизијата и во филмот.
Да потсетиме, Роберт го глумеше Корнилија Фуџа, членот на министерството за магијата, во четирите дела на филмот за Хари Потер.
Роберт Харди играше во вкупно 139 филмови, а во неколку наврати го има глумено и Винстон Черчил.




