Почина новинарот Исуф Кадриу

Новинарот Исуф Кадриу, дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, ненадејно почина во неделата на 52-годишна возраст. Кадриу известуваше за РСЕ од Скопје од 2002 година и беше едно од најистакнатите имиња во редакцијата на Радио Слободна Европа. Тој беше и заменикг лавен уредник во националната телевизија Алсат.



Кадриу зад себе остави сопруга и три деца, но и неизбришливо наследство со неговата работа во РСЕ. Радио Слободна Европа изразува искрено сочувство до неговото семејство и пријателите“, се наведува во објавата од РСЕ.

Оженет е и татко на три деца. Средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана. Од 2008 година е заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ, каде што даде извонреден придонес во процесот на организирање и водење на работата во информативната програма на телевизијата.

Во текот на работата се истакнуваше по големата професионална посветеност и колегијалност. Новинарската кариера на Исуф Кадриу започна во 1998 година во телевизијата ЕРА, а од 1999 година во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија, каде работеше како уредник на вести до 2008 година, вклучително и чувствителниот период на конфликтот во 2001 година, каде со посветеност, не штедејќи ништо од професионален аспект придонесе за правично и објективно информирање за случувањата на терен, а честопати и самиот беше во улога на воен известувач од фронотот.

Паралелно со неговите ангажмани во медиумите во земјава, од 2001 година Кадриу е постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде известува за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава.

Информацијата за смртта на Кадриу ја објави и Телевизија Алсат.