Почина наводниот „терорист“ Игор Југ, осуденик за „27 април“, што го „загрози уставниот поредок“ и кој бараше ново судење и слобода!

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна.

Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба. Југ почина на 54 години од кои осум ги помина зад решетки.

Во изминатиот период, Југ бараше слобода и повторување на постапката за „27 април“, со посочувајќи дека никој од осудените не е терорист, ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.