За настанот се случи на 8-ми март, три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица, јави синоќа порталот Охрид 1.



Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, како и против 21-годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, односно не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

На 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал 39 годишната жена од Скопје од терасата.

Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.