Генералштабот на Армијата на .Македонија со жалење и длабоко сочувство кон фамилијата, ја известува јавноста дека на 19ти јуни, околу 23.15 часот, во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-Карил почина припадник на Армијата, професионален војник со иницијали А.Ј, на 25 годишна возраст.



Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетувале селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“, јави Фактор.На професионалниот војник на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци моментално му се слошило по што паднал во безсознание.

Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино.

Веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката- Карил во Скопје, кадебиле преземени сите мерки за реанимација, но по кратко време била констатирана смрт.