Дваесетина дена стари новороденчиња близначиња, машко и девојче, прилепското село Славеј починале вчера околу пладне, а обдукцијата треба да ја утврди причината за нивната смрт, јавува МИА.
Според јавниот обвинител Стевчо Биноски од Основното јавно обвинителство Прилеп, новороденчињата биле во тешка здравствена состојба.
Биноски вели дека семејството викнало итна помош која штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе. Другото бебе, додава Биноски, во тешка состојба било префрлено во прилепската болница каде починало.
„Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои и Центарот за социјални работи од Прилеп“, вели Биноски за МИА.
За денеска е закажана прес-конференција во Центарот за Социјални работи.






