Актерите Џејн Фонда и Роберт Редфорд се во Венеција каде им беше свечено доделена наградата „Златен лав“ за животно дело за оваа година. На 74. Меѓународен филмски фестивал во чест на американските ѕвезди беше прикажан и филмот „Нашите души во текот на ноќта“ на режисерот Батре во кој двајцата актери се во главните улоги. Тоа инаку беше нивна петта соработка на екраните во изминатите 47 години.



Организаторите претходно изјавија дека Џејн Фонда (79) е одговора за „интензивна страст на екраните“, како и независност во форма на конформизам, додека Редфорд (80) освен успесите како актер и режисер е заслужен и за основање и насочување  на фестивалот на независен филм „Санденс“ кој ги откри сега веќе светски познатите режисери, како што се Кветин Тарантино, Пол Томас Андерсон и Дарен Ароновски.

Овогодишната Мостра инаку ја отвори американскиот режисер Александар Пејн на 30. август, а во трката за „Златен лав “ кој ќе биде доделен на 9. септември на последниот ден од фестивалот, ќе се натпреваруваат 21 филм.

Венецискиот, покрај Канскиот филмски фестивал и тој во Берлин, е еден од главните филмски фестивали во Европа.