Јавното обвинителство се огласи по повод вчерашното убиство во Тетово, по кое загина едно лице.
Лице со иницијали Р.Т. е убиениот синоќа во Тетово
„Извршен увид на лице место. Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор.
Возилото и други траги се подигнати за вештачење.
МВР постапува за откривање на сторителот или сторилите“, стои во соопштението на Обвинителството.





