Македонската влада доцна вчеравечер на редовна седница го прифатила Извештајот за извршените преговори за текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Споед одлуката на владата усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е прифатлив за Македонија иако граѓаните не знаат што има во него.
Премиерот Заев од владата добил овластување да го потпише Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Владините служби најавуваат дека наскоро за потпишување на договорот со Бугарија ќе соопштат и дополнителни информации.





