Веднаш по стапување во сила на изборниот молк и во обид да добијат уште некој глас на изборите в недела, дел од партиите влегоа во матни игри со кои што го прекршуваат предизборниот молк и изборниот законик.
Во неколку населби во општината Гази Баба група млади луѓе меѓу кои има и малолетници дистрибуираа(т) потерници за водечки членови на една политичка партија и кандидати за функции во локалната власт.

Во една од населните места во општината, со печатени потерници е излепено возило на локален партиски активист, а потерниците се залепени и на бандери и на објекти.

На потерниците пишува дека нив ги распишуваат граѓаните на општина Гази Баба, а кандидатите за градоначалник и за претседавач на совет од една политичка партија „се барале“ за низа незаконски дела.






